
Нема да толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема да толерираат дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто, како што рече, преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема да толерираат дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто, како што рече, преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите.
-И последните состаноци коишто ги имавме на оваа тема со експерти се во таа насока дека главен драјвер, главен поттикнувач на сето ова претставуваат услугите и анализиравме во проценти во одредени сектори тие се зголемени за повеќе од 20 проценти. Тука ние како Влада не можеме премногу, немаме голем маневарски простор за да интервенираме. Но, секако со ваквиот начин на однесување каков што е еве да речеме, пред почетокот на учебната година ограничување на маржите, а како репер да бидат цените од 1 јуни за училиштен прибор, опрема и друг тип на помагала коишто им се потребни на учениците, но и да го олеснат, би рекол, во поднослива состојба биде семејниот буџет, ние тоа ќе го правиме. И тоа го правиме. Верувајте дека анализата покажа дека ад хок ограничување на маржи се прелева во месеците кои што следат. Сега тука има една дилема ако воспоставиме еден континуитет цела година, тогаш дали имаме пазарна економија? Дали имаме пазарна економија и дали маме општество коешто се темели на пазарната и слободна економија? Но, тоа не значи дека ќе толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите, рече Мицкоски по презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV во Касарната „Јане Сандански“ – Штип во одговор на новинарско прашање.
Премиерот најави дека Комисијата за заштита на конкурентноста многу скоро ќе излезат на терен и ќе следат санкции за скриените „маркетинг услуги“.
-И за ова многу сериозно се занимава Комисијата за заштита на конкурентноста. Многу скоро ќе излеземе на терен, веќе ја зајакнавме кадровски, се примија нови луѓе. Ќе се излезе на терен и овие скриени „маркетинг услуги“ кои дел од снабдувачите, производителите и трговците ги поставуваат во синџирите супер маркети за на подобро место да стои неговиот производ ќе биде жестоко, верувајте жестоко санкционирани. Тоа е едниот начин, рече тој.
Мицкоски потенцира дека вториот начин е обидот да интервенираат во делот на услугите.
-И тука исто така во рамките на можностите. Ние не можеме да ги ограничиме рестораните, кафулињата итн. или транспортните компании која е цената која што тие ќе ја постават за таа услуга. Ќе повторам се додека може таа услуга некој да ја плати, тие за жал, ќе ја качуваат, и тоа ќе влијае негативно во конечната инфлација. Така што и тука ќе имаме исто така мерки, рече тој.