
Нема да има милост за одговорните – или ќе не биде или ќе престанеме да постоиме како држава, вели Мицкоски
„Овој корумпиран систем ако не се сруши оваа држава нема никогаш да ја биде. Нема да биде лесно, чувствувам длабока огоречност за се што се случувало изминатите децении. Или ќе го победиме ние него или тој ќе оставиме да не победи нас. Победа на тој систем е само ако веруваме во принципи, зошто тој се храни со лагата и така опсотјува. Само со доблест и лична жртва можеме заедно да го победиме тоа зло“, рече Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски со едноминутно молчење ја започна прес-конференцијата во чест на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.
„Ова денеска е најтешкиот ден во мојот живот. Ми се кине срцето и немам сила да говорам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен, рече Мицкоски.
-Овој корумпиран систем ако не се сруши оваа држава нема никогаш да ја биде. Нема да биде лесно, чувствувам длабока огоречност за се што се случувало изминатите децении. Или ќе го победиме ние него или тој ќе оставиме да не победи нас. Победа на тој систем е само ако веруваме во принципи, зошто тој се храни со лагата и така опсотјува. Само со доблест и лична жртва можеме заедно да го победиме тоа зло“, рече Мицкоски.
Тој изјави дека објектот каде што се случи несреќата имал фалсификувана лиценца, издадена во март 2023 година од страна на државниот секретар во министерството за економија. Важноста на овој лажен документ истела два дена пред несреќата.
„Истрагата допрва ќе ги одговори овие прашања. Мора да има одговорност за сите без разлика кој од која партија е. Се до последниот. Очекувајте дека кога станува збор за одговорност ќе нема милост. Со име и презиме“, додаде Мицкоски.
Во следните денови, премиерот најави дека Владата ќе преземе робусни мерки.
„Мора да направиме нешто поразлично за да не нѐ проголта овој систем. Или ќе не биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овојпат нема повлекување“, порача Мицкоски.
Тој рече дека ќе се разгледаат сите аспекти кои довеле до оваа трагедија.
„Јас сум одлучен и ке постапувам одлучно. Ќе има промени на кои јавноста не е навикната“, изјави Мицкоски.