Нема активни пожари во Македонија

Пожарот кај Штип е целосно изгаснат. Во овој момент нема активни пожари на отворено, информираат од Центарот за управување со кризи.

Вчера имаше 29 пожари на отворен простор и сите се изгаснати.

Пожарот што избувна вчера во областа межу Штипскиот затвор и село Драгоево е целосно изгаснат и нема опасност да се прошири кон населените места, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Ангелов додава дека во моментов нема активни пожари на отворено.