Лажни вести за смрт на познатата пејачка Калиопи, се појавија денеска на интернет, по што поп-ѕвездата ги пријавила во полиција, пренесуваат дел од медиумите.
Во лажните вести се потенцира дека пејачката починала од срцев удар, со наводна изјава дека лекарот Владимир Трајковски кој наводно коментирал за нејзината смрт.
„Поведена е пријава од надлежните органи. Се случувале и во минатото разни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги надмина сите претходни манипулации. Дали вие нелуѓе, креатори на овие лажни вести, сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот?“, е ставот на Калиопи на социјалните мрежи.