Најмалку три земјотреси утринава го погодија грчкиот остров Крит за помалку од половина час, јавува EMSC.
Првиот земјотрес е регистриран во 7 часот и 57 минути и бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Само три минути подоцна, точно во 8 часот, на Крит има нов земјотрес, со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Најсилниот земјотрес досега е регистриран во 8 часот и 17 минути, исто така на овој грчки остров.
Измерено е 4,2 степени според Рихтеровата скала, пренесува EMSC.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.