Неколкумина повредени во напад со нож во Холандија, полицијата трага по сторителот
Неколку лица се тешко повредени во напад со нож во холандскиот град Лајден.
Полицијата соопшти дека трага по маж кој утрово повредил неколку лица во дом во центарот на градот.
Осомничениот се здобил со повреда на главата, велат оттаму.
Полицијата побара од јавноста да не му приоѓа на човекот.
Нападот се случил во хуманитарен центар во кој се наоѓале повеќе социјални установи, соопштија од јавниот сервис „НОС“.