Неколкумина мртви и ранети во руски напади врз Запорожје и Дњепар, меѓу жртвите има и деца
Руските сили го гранатираа регионот Запорожје во текот на ноќта, при што загинаа најмалку две лица, меѓу кои осумгодишно дете, а уште две се повредени, соопшти Иван Федоров, шеф на воениот регион Запорожје.
„Осумгодишно дете и 38-годишна жена загинаа, 12-годишно девојче и 43-годишен маж се повредени како последица на рускиот напад врз Запорожје”, напиша Федоров на Телеграм, пренесува Укринформ.
Руските сили исто така синоќа истрелаа ракети врз градот Дњепар, при што загина едно лице, три се ранети, а оштетени се куќи во еден кварт, соопшти на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Сергеј Лисак.