Некогашната шефица во српската полиција, Дијана Хркаловиќ, осудена на затворска казна

Дијана Хркаловиќ, поранешниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Србија на која ѝ се судеше за трговија со влијание, денес е прогласена за виновна на Специјалниот суд во Белград. Хркаловиќ е осудена на една година и четири месеци затвор, а во казната ѝ влегува и времето поминато во притвор, јавуваат српските медиуми.

Покрај Хркаловиќ, на обвинителната клупа се наоѓа и поранешниот началник на новосадската Полициска управа Милорад Шушниќ, кој исто така е прогласен за виновен и осуден на една година затвор. Полицискиот началник Дејан Миленковиќ е ослободен од вина поради сложеното дело кое според судот не било докажано.

37-годишната Хркаловиќ беше обвинета дека ја злоупотребила својата позиција како секретар на Управата на криминалистичката полиција, подоцна и позицијата државна секретарка на МВР на Србија, кога ги издала незаконските налози на Дејан Миленковиќ, началникот на Службата за специјални истражни методи (ССИМ) на Управата на криминалистичката полиција (УКП) да не го доставува извештајот и собраните доказни материјали од мобилните телефони и СИМ картичките одземени од криминалецот Вељко Беливук, познат под прекарот Веља Невоља и од другите осомничени за убиството на Властимир Милошевиќ.

Тоа убиство се случи на 30 јануари 2017 во центарот на Белград, а остана запаметено како „убиство на шините“.

Властимир Милошевиќ, каратист и шеф на обезбедување во повеќе белградски ноќни клубови, беше убиен на трамвајска пруга во Белград на 30 јануари 2017.