„Нека види јавноста каков психопат е убиецот на дедо ми“ – коментар на селфито на Палевски

Селфито на Љупчо Палевски – Палчо, убиецот на малата Вања и велешанецот Панче. На социјалните мрежи се споделува фотографија, селфи на првоосомничениот за киднапирањето и убиството на Жежовски и Ѓорчевска, направено во Велес.

На фотографијата на Палчо се гледаат случајни минувачи кои преминуваат улица.

Но според објавите на социјалните мрежи, тоа сепак не се случајни минувачи, туку се внукот и зетот на убиениот Панче од Велес.

Според дел од македонските портали, фотографијата наводно е направена набрзо по убиството на велешкиот фризер.