За нов состав на парламентот во Унгарија денеска ќе одлучуваат околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас.
Владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе има противник во коалиција од 6 опозициски партии – Обединети за Унгарија, предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.
Според анкетите, Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија, а според експертите, ова се неизвесни избори.
Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи.