
Незапирливиот Халанд руши рекорди
Во натпреварот против Наполи, тој го постигна водечкиот гол за Манчестер Сити во 56-тата минута, кога ја искористи асистенцијата на Фил Фоден и го совлада дотогаш одличниот Вања Милинковиќ-Савиќ. Тоа беше неговиот јубилеен 50-ти гол во Лигата на шампионите, а тој стигна до таа бројка најбрзо во историјата на натпреварувањето – по само 49 одиграни натпревари!
Норвежанецот Ерлинг Халанд собори уште еден рекорд што тешко дека ќе биде надминат во догледно време.
Во натпреварот против Наполи, тој го постигна водечкиот гол за Манчестер Сити во 56-тата минута, кога ја искористи асистенцијата на Фил Фоден и го совлада дотогаш одличниот Вања Милинковиќ-Савиќ.
Тоа беше неговиот јубилеен 50-ти гол во Лигата на шампионите, а тој стигна до таа бројка најбрзо во историјата на натпреварувањето – по само 49 одиграни натпревари!
Со овој настап, Халанд се изедначи со легендарниот Французин Тиери Анри на листата на најдобри стрелци на сите времиња. Двајцата го делат деветтото место, со по 50 гола.
Иако Норвежанецот е сè уште далеку од најдобриот на сите времиња, фактот дека има само 25 години остава простор за верување дека ќе продолжи да руши рекорди.
Топ 10 стрелци во Лигата на шампионите:
Кристијано Роналдо – 140 гола (183 натпревари)
Лионел Меси – 129 (163)
Роберт Левандовски – 105 (134)
Карим Бензема – 90 (152)
Раул – 71 (142)
Килијан Мбапе – 57 (88)
Томас Милер – 57 (163)
Руд ван Нистелрој – 56 (73)
Ерлинг Халанд – 50 (49)
Тиери Анри – 50 (112)