Незаконското назначување на членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители-најматен настан според Транспаренси
Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во ноември.
Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во ноември.
Како дел од „матните“ настани во месец ноември предничи незаконското назначување на четири нови членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители.
„Државната комисија за спречување на корупција одлучи дека незаконски се назначени 4 нови членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Судскиот совет и Советот на јавни обивнители номинираа челнови на советите кои доагаат од судската и обивнителската фела но според ДКСК тоа е спротивно на законот за спречување коруцпија и законот за акадмеијата затоа што требало да назначат активни судии и обвинители. Недозволената кумулација на моќ е потенцијален судир на интереси сметаат антикорупционерите кои ќе побараат од двата совета да ги стават вон сила одлуките со кои челновите на судски Антоанета Димовска и Хаиф Зендели и претседателката на обивнителскиот совет Душица Димитриеска се номинирани за нови членови на Управниот одбор на Академијата“, информираат од Транспаренси.
Како втор најматен настан за ноември е отпочнувањето на дисциплинска постапка за член на Судскиот Совет, кој барал одговорност за врховни судии за предмет во кој адвокат била неговата сестра.
„ДКСК ќе поднесе иницијатива до Судскиот совет и до Здружението на судии за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет поради „судир на интереси“ и поради „пристрасност при вршењето на функцијата“. Причина е што тој бил иницијатор да се поведе постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховниот суд, кои постапувале во предмет во кој адвокат била неговата сестра. ДКСК констатира дека, пошироко гледано, игнорирањето на судири на интереси на членовите на Судски совет, кои всушност вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата, создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките каде што членовите на Судскиот совет имаат блиски лица. Со тоа на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт, која треба да ја гарантира токму Судскиот совет. Според ДКСК, членот на Судскиот совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, за што Комисијата ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог“, информираат од Транспаренси.
Како трет „матен“ настан за ноември е постапката која ја иницираат од ДКСК против Костадиновска-Стојчевска за која утврди дека користела државни пари за приватни цели на службено патување во Британија.
„Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска користела службени средства за приватни цели при нејзиното службено патување во Велика Британија во периодот од 24 до 27 октомври минатата година. Ова го констатира Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), откако по допрен глас отвори предмет за случајот во август годинава“, се вели во извештајот на Транспаренси.
Исто така во матните настани се најде и судијата Пајазити, за кого ќе се утврдува одговорност.
„Судскиот совет на седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, иницијатива која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, државјанин на Косово, Блерим Рамадани. Првата иницијатива за утврдување одговорност кај судијата Пајазити беше отфрлена од советот поради немање доволно докази. Одлуката е донесена на затворена седница и без присуство на новинари“, информираат од Транспаренси.
Како последен матен настан според „Транспаренси“ е примањето поткуп за да не се издава пријава за нелегален објект.
„Кумановското јавно обвинителство одреди притвор за градежната инспекторка од Општина Куманово која беше затекната како прима поткуп. Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице – градежен инспектор во Општина Куманово – Сектор за грaдежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист“, се вели во извештајот на Транспаренси.
Во „бистри“ случаи Транспаренски интернешнл – Македонија ги наведува поднесената пријава на ЗНМ за недолично однесување на судијката од битолскиот суд која им ги одзела телефоните и камерите на новинарите, Кривичната пријава за несовесно работење во службата и отказ за 15 високи службеници во МВР и Кривичната пријава за вработен во Национални шуми за примање мито.