Незадоволни земјоделци го блокираа сообраќајот во повеќе градови во Бугарија

Бугарските земјоделци денеска одржаа протести во Софија и ширум земјата барајќи оставка од министерот за земјоделство Кирил Ватев поради незадоволство од земјоделската политика на Владата, јавува Анадолија.

Демонстрантите носејќи плакати на кои пишува „Оставка“ и истурајќи млеко на земја, привремено го блокираа сообраќајот со тешка земјоделска механизација на 21 локација низ државата.

Најголем дел од демонстрантите, меѓу кои има и градинари и овоштари, како и сточари, тврдат дека годишната помош на бугарската влада од 76 милиони евра наменети за овие три сектори е несоодветна.