Џефри Ховениер – амбасадорот на САД во Косово вели дека косовската независност е неповратен факт и дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија ќе се случи откако двете држави ќе се признаат меѓу себе.
Ховениер за косовската телевизија „РТК“ вели дека Вашингтон е решен да го помогне процесот на конечното решавање на споровите меѓу Приштина и Белград.
„Да, можете да го земете моето доаѓање тука како дополнителен индикатор за заинтересираноста на САД да им помогне на нашите партнери во Косово и да им помогне на властите во Србија да постигнат договор за нормализација. Јас ќе работам на тоа. Мислам дека можете да видите знаци дека и нашите европски партнери ги прават сите напори во овој дијалог олеснет од ЕУ за постигнувањње на тој напредок“ – рече Ховениер.
Американскиот амбасадор порача дека во односот на САД кон Косово „ништо не се променило“.