Легендарната Грејс Џонс синоќа настапи во Скопје, а музичко-модната икона приреди вистинско шоу и предивзика воодушевување кај присутните
„Pop culture icon“, „Fashion Icon“, „Vamp Woman“, „Super Model“ и „Movie Star“ беа дел од песните кои ги изведе Џонс и ги врати присутните во младоста.
„Сакам ве сите Македонијо“, повторуваше таа, не криејќи дека е задоволна што публиката заедно со неа ги пееше безвременските хитови.
Настанот колуминираше со нејзината песна I’ve Seen That Face Before (Libertango) (1981), а по неколкуте фантастични креации, се појави во таканаречен костим за капење и пеејќи и играјќи вртеше хулахоп скоро половина час.
Концертот го организираше „Авалон продукција“.