Недостиг на работна сила – главен проблем за преработувачите
Државниот завод за статистика соопшти дека оценката за економската состојба на деловните субјекти од преработувачката индустрија во мај 2022 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на мај 2021 година.
Оттаму соопштуваат дека се очекува бројот на вработените да се намали, а просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2022 година изнесува 65,4 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 20,1 проценти, недоволната странска побарувачка со 17,9 проценти, неизвесното економско опкружување со 14,2 проценти и недоволната домашна побарувачка со 12,2 проценти.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2022 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на април 2022 година и изнесува 13,4, а во однос на мај 2021 година е намален за 1.4 процентни поени.