Недела неработен ден оди под лупа, тврди Азески

На домашен план како да почнаа да се заокружуваат клучните економски активности. Се донесе буџетот, финишираат активностите со унгарскиот кредит, Бехтел и Енка се внесени во извршување на работите, странските инвестиции продолжуваат, на анализа одат неколку суштински закони меѓу кои и Законот за работни односи во делот на недела неработен ден. Што значи после три годишна имплементација Законот оди на преиспитување. 

Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) утре во Скопје ќе ја одржи 33. седница. Домаќин ќе биде потпретседателот на КИФ и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. На седницата, како што информира Азески, лидерите на коморите од регионот ќе дискутираат за клучните приоритети во 2025 година, имајќи го предвид вид почнувањето на примената на новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар, во кој КИФ е активно вклучен во структурата на управување со процесот во однос на имплементацијата и надгледувањето на мерките предводени од приватниот сектор.

Тој во денешното соопштение до медиумите се осврнува и на случувањата во домашната економија.

-На домашен план како да почнаа да се заокружуваат клучните економски активности. Се донесе буџетот, финишираат активностите со унгарскиот кредит, Бехтел и Енка се внесени во извршување на работите, странските инвестиции продолжуваат, на анализа одат неколку суштински закони меѓу кои и Законот за работни односи во делот на недела неработен ден. Што значи после три годишна имплементација Законот оди на преиспитување.