Негативен природниот прираст и во градските и во селските подрачја
Природниот прираст кај населението минатата година e негативен и во градските подрачја и во селските подрачја. Три четвртини од вкупно 4 140 лица, за колку е намален бројот на население минатата година, се во градските средини, наспроти една четвртина во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 %, а најмало Источниот регион со 5.8 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја во 2024 година, во градските подрачја се живородени 9 694 деца, што е 60.4 % од вкупниот број на живородените деца, а умреле 12 826 лица, што е негативен природен прираст од -3 132 лица.
Во селските подрачја во 2024 година имало 6 367 деца или 39.6 % од вкупниот број на живородените деца, додека умреле 7 375 лица, што е негативен природен прираст од 1 008 лица.
Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 %, а најмало Источниот регион со 5.8 %. И во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, најголемо учество има Скопскиот со 30.3 %, а најмало Североисточниот регион со 8.0 %.
Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 28, додека во селските подрачја умреле 19 доенчиња.
Повеќе бракови се склучени во градските подрачја – 54.3 проценти, но и бројот на разведените бракови и тоа за 64.2 отсто.
Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 6 014 или 54.3 %, наспроти 5 052 бракови или 45.7 % во селските подрачја.
Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1 299 или 64.2 %, додека во селските подрачја има 725 разводи или 35.8 % од вкупниот број разводи.
Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 42.2 % имаат преселбите од село во град, а Пелагонискиот регион има најголемо учество со 52.8 %.
Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот регион со 49.6 %, наспроти меѓуградските со учество од 2.5 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 2 603 лица, а најмало во Вардарскиот Регион, односно -177 лица.