Западна Грција ја потресе страшно невреме, додека до жителите беа испратени предупредувачки пораки.
Лошото време веќе 24 часа ја зафаќа Грција, забележани се обилни дождови и грмотевици, како и интензивна активност на молњи.
Претходно денеска, Националната метеоролошка служба издаде вонреден метеоролошки билтен, предупредувајќи на обилни врнежи, придружени со град и грмотевици.
– Ова е исклучително лошо време, бидејќи ќе трае 48 часа – предупредија метеоролозите.
Имено, од понеделник напладне биле испратени 112 пораки во Западна Грција, поточно во Патра, Крф, но и Игуменица за тешки временски неприлики.
Лошото време се очекува да го погоди Крф по вторпат за неколку часа, а екипи се испратени на островот за да ја засилат локалната противпожарна служба.
Проблеми со времето има и на островот Отон кој остана без струја.
Генералниот секретаријат за цивилна заштита испрати порака до жителите на островот, во која ги повика да бидат подготвени за екстремните временски услови кои се очекуваат на островот до вторник наутро.
На северот на Крф во Авлиотес избувна пожар најверојатно поради удар на гром. Имаше и проблеми со летови со доцнења и откажувања поради големиот број молњи во раните утрински часови.
Националната метеоролошка служба објави дека денеска се регистрирани повеќе од 31.000 удари од гром.