Невреме во Велес, откорнати дрвја, сообраќајот во прекин

Силно невреме го погоди Велес проследено со силен ветер, врнежи и грмотевици, пренесе А1он.мк.

На неколку места во градот се откорнати дрвја и покриви, а многу од улиците беа поплавени со вода.

На десетина метри од автобуската станица има паднато големо дрво и откорната бандера и сообраќајот е во прекин.

Невремето почна после 15 часот и 30 минути и за брзо време беа поплавени дел од велешките улици.