Во невремето во Делчево како што јавуваат локалните медиуми највеќе настрада Милково Брдо, каде граѓани јавуваат за поплавени објекти.
Над 60 објекти се поллавени по невремето проследно со град што денеска попладне околу 17 часот го зафати Делчево и околината, информира Центарот за управување со кризи.
„На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД „Брегалница“ со цела нивна екипа и вршат испумпување на вода од поплавените објекти“ – соопштија од ЦУК.
Како што додаваат, поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија.
Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.
Од Општината апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети.