Невзат Бејта „ги откачи огнените“, се врати во таборот на Ахмети

Беше еден од водачите на „огнената група“ во ДУИ, но екс партискиот потпретседател Невзат Бејта одби да се приклучи на новата партија на Изет Меџити и повторно му даде доверба на Али Ахмети.

Бејта денеска го придружуваше Ахмети во реканскиот крај, каде се одржа централната манифестација „Средби на Горна Река“ во организација на Културното друштво „Горна Река“.

-На ова наследство му припаѓа и Скендербег. Река е значајно место за нас кое мора да се чува со фанатизам и сакам да ја охрабрам и посакувам Здружението на Река да ја зачува и унапредува културата, фолклорот и говорниот јазик на Река. Овој говор е многу важно наследство на Албанците не само во Македонија бидејќи Река допира три граници Албанија, Косово и Македонија – изјави Ахмети.