Неверојатен апетит – изеде 153 ќебапи, а сега и цело јагне!
Сермед Мактуф (34) од Травник (БиХ), познат како човек со неверојатен апетит, повторно руши рекорди!
Во Нови Пазар летово јадеше мега порција ќебапи, дури десетпати поголема од просекот. Овој босански тиктокер пред камерите ги изеде сите 153 парчиња за час и половина, и тоа без пауза!
Но, она што неодамна го урна, го надмина рекордот од Нови Пазар.
– Пред Нова година „оттргнав“ јагне без глава! Без салата, не ја јадам, бидејќи сум на диета! – Сермед се пофали со новиот успех со кој влезе во 2024 година.
Во ресторан во Сараево изел парче јагне без глава послужено пред него.
На прашањето колку е тешко јагнето, тој вели:
– Јас не сум математичар! Мое е да јадам! Не го измерив! Но, тоа беше добро!
Желба му е годинава да продолжи со рекордите.
– Планирам да изедам голем бик! Тоа го планирав – открива тој.
Тврди дека нема никакви проблеми освен апетитот. Може да јаде онолку колку што ќе му го донесат на трпезата.
Тој ја започна својата кариера снимајќи гастро-предизвици за време на пандемијата на коронавирус, па речиси секој негов оброк го следи милионска публика.