На парламентарните избори во Грција Неа демократија убедливо води пред СИРИЗА со над 20 отсто повеќе гласови, а во Парламентот место обезбедуваат пет партии.
Според процентот на освоени гласови и идни пратенички места:
-Неа демократија 41,09 отсто и 145 пратенички места
-СИРИЗА 20,03 проценти и 71 пратеничко место
-ПАСОК- Движење на промена 12,38 отсто – 44 пратенички места
-Комунистичка партија на Грција 6,87 отсто- 24 пратенички места
-Грчко решение 4,52 отсто и 16 пратенички места
Неа демократија нема можност да формира еднопартиска Влада, затоа во очекување се втори избори на почетокот на јули.
Излезноста, според првичните официјални информации е 56,8 отсто.