„Нвидиа“ стана првата компанија во историјата вредна 5 билиони долари

Вредноста на акциите на „Нвидиа“ се зголеми за 5 проценти благодарение на потезите на директорот на компанијата Јенсен Хуанг, кој, меѓу другото, обезбеди нарачки за чипови за вештачка интелигенција од оваа компанија во износ од 500 милијарди долари и планира да изгради суперкомпјутер со американската влада.

Компанијата „Нвидиа“ (Nvidia) денес стана првата во историјата со берзанска вредност од повеќе од пет билиони долари (5 илјади милијарди).

Според Гардијан, денешниот раст на вреднувањето е дел од поширок скок на вредноста на технолошките компании предизвикан од очекувањето дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки за 0,25 проценти.