НБА кошаркар фатен со над 1 килограм марихуана!
Монтрезл Харел – кошаркарскиот центар на тимот на Шарлот Хорнетс е фатен со голема количина марихуана поради што се соочува со неколкугодишна затворска казна.
Харел пред два дена бил запрен од полицијата која му извршила претрес на возилото. Била пронајдена вакумирана кеса во која имало 1.3 килограм марихуана.
Медиумите во САД објавуваат дека поради поседување на повеќе од еден килограм марихуана, НБА кошаркарот може да добие дури петгодишна затворска казна.
Харел во 2020 година кога настапуваше за ЛА Клиперс беше прогласен за најдобар шести играч во НБА лигата.