НБА жестоко го казни Харден за непримерни коментари

НБА го казни Џејмс Харден со 100.000 долари за непримерни коментари за Дерил Мори, претседател на Филаделфија Филис.

Ол Старот кој одигра 10 натпревари на кинеската турнеја го нарече „лажго“ лидерот на тимот во кој настапува моментално и порача дека „никогаш нема да игра за тимот што го поседува“.

„По истрагата беше утврдено дека Харден навистина ги кажал тие зборови и дека најавил дека нема да игра додека не биде разменет во друг клуб. Поради ова е казнет со 100 илјади долари“, стои во соопштението на НБА лигата.

Харден во неколку наврати изјави дека сака да замине од Филаделфија, но се уште не е јасно како ќе се реши оваа ситуација, бидејќи Филаделфија се уште не најде тим заинтересиран за Харден.