На 39 години почина екс фудбалер на Лестер, Трабзонспор, ПСЖ

Сол Бамба, поранешниот играч на неколку англиски клубови, и екс репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, почина на 39 годишна возраст во болница во турскиот град Маниса.

Екс фудбалерот на Лестер, Лидс, Мидлсброу, Палермо, Кардиф, Данфермлајн, Хибернијан, Палермо и ПСЖ, бил пренесен во болница веднаш по натпреварот помеѓу Маниса и Аданаспор во турската втора лига, откако се почувствувал лошо, и синоќа ја загубил битката за животот.

Тој во моментот на смртта ја извршуваше функцијата технички директор на Аданаспор.

Бамба беше репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, за која одигра 46 натпревари во периодот од 2008 до 2014 година.

Во јануари 2021 година му беше дијагностициран тумор на крвните садови, а неколку месеци подоцна објави дека е целосно излечен.