МВР информира дека вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на 14-годишен малолетник од Битола му се слошило и паднал.
Потоа бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.