
На 13 и 14 октомври во Тирана ќе се одржи Инвестицискиот форум ЕУ-ЗБ6
Веста ја објави премиерот Еди Рама, кој преку објава на социјалната мрежа Фејсбук наведува дека ова е историски настан и „уште еден важен чекор за зајакнување на соработката и економскиот развој во регионот“.
Во Тирана на 13 и 14 октомври ќе се одржи Инвестицискиот форум ЕУ-ЗБ6 (Европска Унија-Западен Балкан).
Веста ја објави премиерот Еди Рама, кој преку објава на социјалната мрежа Фејсбук наведува дека ова е историски настан и „уште еден важен чекор за зајакнување на соработката и економскиот развој во регионот“.
„Тирана ќе биде домаќин на Инвестицискиот форум ЕУ-ЗБ6 (Европска Унија-Западен Балкан) од 13 до 14 октомври, историски настан што ги обединува земјите од Западен Балкан, носителите на одлуки од Европската Унија и инвеститорите од целиот свет“, напиша Рама.
Форумот има за цел да ја зајакне економската соработка и инвестициските можности меѓу земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) и земјите-членки на Европската Унија (ЕУ).
Поддржан од Европската комисија, овој форум е дел од пошироката стратегија на ЕУ за промовирање на регионалната интеграција и социо-економската конвергенција, поттикнувајќи одржлив економски развој низ целиот регион.
-Европската Унија и шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6) се наоѓаат на клучен момент во нивното заедничко економско и политичко патување. Додека ЕУ се стреми да го оживее својот економски динамизам и да ја обезбеди својата глобална конкурентност, Западен Балкан се појавува како ветувачка нова граница за инвестиции, наведува агенцијата АТА.
Додава дека форумот служи како стратешка платформа за зајакнување на економската соработка, привлекување странски директни инвестиции и забрзување на интеграцијата на економиите на Западен Балкан во единствениот европски пазар, од што имаат корист и земјите од Западен Балкан, земјите-членки на ЕУ и европските компании.