На Чарлс Трети му е дијагностициран рак

На британскиот карл Чарлс му е дијагностициран рак, објави Бакингамската палата. Не станува за рак на простата, но болеста била открина при неодамнешното лекување на проширена простата.

Палатата не кажа за каков тип на рак станува збор, освен дека денеска почнал со „нормално лекување“.

„Кралот останува целосно позитивен околу лекувањето и едвај чека да се врати на своите јавни должности што е можно поскоро“, објави Бакингамската палата.

Тој ќе ги откаже своите јавни ангажмани и се очекува други членови на кралското семејство да го менуваат за време на лекувањето.