На тројца пратеници им престанува пратеничкиот мандат откако се избрани за градоначалници
На тројца пратеници кои се избрани за градоначалници им престана пратеничкиот мандат. Државната изборна комисија сега треба да го информира Собранието за новите пратеници кои треба да дојдат на нивно место.

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на почетокот на собраниската седница рече дека согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик со денот на верификација на мандатот градоначалник, им претстанува пратеничкиот мандат.
Пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска е избрана за градоначалник на Кисела Вода, пратеникот Јане Мицевски за градоначалник на Сопиште, а Дејан Проданоски за градоначалник на Прилеп.