
На трибина во скопски хотел се легитимираше т.н. Платформа за промени во опозицијата
Универзитетски професори, поранешни и сегашни пратеници, градоначалници, адвокати и граѓански активисти, најголемиот дел од нив поранешни високи партиски функционери и државни функционери од редовите на СДСМ беа присутни денеска пет минути по 12 часот, на трибина што ја модерираше професорот на Економски факултет Игор Ивановски.
Речиси истовремено со реконструкцијата на Владата, во јавноста се легитимираше т.н. Платформа за промени во опозицијата.
Универзитетски професори, поранешни и сегашни пратеници, градоначалници, адвокати и граѓански активисти, најголемиот дел од нив поранешни високи партиски функционери и државни функционери од редовите на СДСМ беа присутни денеска пет минути по 12 часот, на трибина што ја модерираше професорот на Економски факултет Игор Ивановски.
Освен него присутни на трибината беа и Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Ема Нешковска, Насе Насев, Моника Зајкова, Славјанка Петровска, Сашко Митревски, Стојко Пауновски, Милена Стевановиќ, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Неда Здравева, Ненад Марковиќ, Милена Цветановска, Сретен Богоевски, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ и Валентин Пепељугоски.
Трибината беше насловена како „Разговори за иднината во 12.05″, што симболично треба да означи дека е крајно време во државата да се појави вистинска политичка алтернатива која ќе и парира на актуелната власт.
Меѓу темите за кои ќе се дебатира покрај иднината на државата и нејзината перспектива, ќе се дебатира и за политичкиот плурализам и опозициското дејствување.
„Фокус” во неколку наврати пишуваше дека Платформата за промени се подготвува да го почне своето дејствување, како реакција на незадоволството од некогашните опозициски првенци и активисти СДСМ од тоа како функционира најголемата опозициска партија.
Како одговор на ова, актуелното раководство на социјалдемократите нив ги окарактеризира како „ЗНАМ 2.0″ или продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ.
Иако, беше најприсутен во јавноста во претходните неколку месеци на оваа тема, меѓу поканетите го немаше поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов.