На „Табановце“ приведени двајца странски државјани – носеле бела прашкаста материја и таблети

При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсула, велат од МВР.

На Граничниот премин Табановце се лишени од слобода двајца странски државјани, откако кај нив биле пронајдени таблети и бела прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи. Станува збор за О.Ј. 32-годишно лице од Унгарија и А.Б. 37-годишно лице од Србија.

„При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсула. Додека, во личниот багаж на сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети“, велат од МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, посочуваат од МВР.