На социјалните мрежи се споделува апел, да не се палат бадникарски огнови – причина е воздухот и здравјето

На социјалните мрежи се споделува апел до граѓаните, да не палат бадникарски огнови, заради големото аерозагадување.

„АПЕЛИРАМЕ до сите совесни граѓани да имаат милост кон воздухот и здравјето на луѓето со тоа што нема да палат „бадникарски огнови“. Веќе со години живееме со рекордни аеро загадувања и крајно неразумно е да додаваме нови отрови кон сопствениот холокауст.

Болниците за белодробни заболувања се полни, имајте малку осет, не е ни по вера, само што останало кај народот како традиција и помодарство…

Доколку на некој му/и се пие греана ракија и слуша песни, организирајте се и посетете ја најблиската кафеана. Истиот филинг, без да загадувате и плус нема да мирисате на чад.

Дрвата донирајте ги на загрозени фамилии, ќе направите едно добро дело во новава година“ се вели во апелот.