На светот му се закануваат чести прекини на струјата!
„На светот му се заканува прекин на струја. Глобалните електроенергетски мрежи наскоро ќе се соочат со најголемиот тест во последните децении, бидејќи производството на електрична енергија моментално е пренатрупано во најголемите светски економии“ – пишува Bloomberg.
Според нивните информации, проблемите со страујата се пред се поради војната во Украина, сушата, загубите во производството, историски ниските залихи и реакцијата на пандемијата.
„Проблемот е што снабдувањето со енергија е толку мало што едноставно нема да биде доволно за нормален живот, а прекинот на струјата ќе ги загрози животите во ситуации кога нема вентилатори или климатизери кои би им олесниле на луѓето да се справат со високите температури“ – наведува Bloomberg.
Климатските промени значат дека денешните екстремни топлотни бранови ќе зачестат и ќе продолжат да го зголемуваат притисокот врз снабдувањето со електрична енергија.
Европа би можела да се најде во несигурна ситуација ако Москва го прекине снабдувањето со природен гас, што може да предизвика прекини на системот, намалувања и прекини на електричната енергија во некои земји, пренесува Bloomberg.