Илјадници граѓани и вечерва излегоа на протест под мотото „Ултиматум, не благодарам“. Ова е десеттиот по ред протест против францускиот предлог. Протестниот марш започна од пред Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.
На протестот пред Собранието, беше поставена гилотина и донесена мисирка.
Претходно ликовите на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и на министерот Бојан Маричиќ се најдоа пред Министерството за надворешни работи, како дел од перформанс на младите кои протестираа против францускиот предлог.
Маски со ликовите на тројцата беа преставени како предавници, а ликовите кои се криеа зад нивните маски го потпишаа договорот, како што се вели на протистите за бугаризација на државата.
Наводниот документ беше скинат од страна на граѓаните и испратена пораката „Ултиматум НЕ благодарам“.