На првиот ден од претседателските избори во Русија на гласање излегоа над 35 отсто од гласачите

На првиот ден од претседателските избори во Русија на гласање излегле 35,4 отсто од гласачите, соопшти вечерва Централната изборна комисија на Руската Федерација.

Избирачките места ќе бидат отворени за време на викендот до 20 часот по локално време, пренесува РИА.

За претседател се кандидираа четворица политичари: Владимир Путин, Леонид Слуцки, Николај Харитонов и Владислав Даванков.