На површина од околу 10.000 хектари се активните пожари во Грција во шест области
Во шесте грчки области каде што од вчера се активни големи шумски пожари, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, зафатени е површина од околу 10.000 хектари, јави дописничката на МИА од Атина.

Податоците се за површината на која се прошириле пожарите, а не станува збор за процена на изгорените површини и се однесуваат на периодот од избувнувањето заклучно до 3 часот утрово.
Поконкретно, на островот Хиос процените се дека огнената стихија зафатила површина од околу 4.000 хектари, во областа Ахаија околу 2.000 хектари, на Закинтос околу 1.700 хектари, во околината на Превеза околу 2.000 хектари
Од „Метео“ информираа дека за процена на изгорените области ќе бидат обработени сателитски податоци со висока резолуција.