На огласот за Програмскиот совет на МРТ пријавени 37 кандидати

Триесет и седум кандидати се пријавиле на Јавниот конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, но дали сите ќе се претстават пред Комисијата за прашања на избори и именувања зависи од тоа дали ги исполнуваат условите по завршување на административната селекција

Триесет и седум кандидати се пријавиле на Јавниот конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, но дали сите ќе се претстават пред Комисијата за прашања на избори и именувања зависи од тоа дали ги исполнуваат условите по завршување на административната селекција, информираат од Собранието за МИА.

Во Собранието за утре е зажана седница на Комисијата за прашања на избори и именувања за Проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 55/2025).

Програмскиот совет на МРТ има 13 членови кои ги избира Собранието по предлог на овластен предлагач. Советот има претседател и заменик претседател. Мандатот на членовите на Програмскиот совет е пет години со право на уште еден последователен мандат.