На скопската Клиника за гинекологија и акушерство на новороденче му бил пресечен дел од прстот од страна на акушерка вработена во Клиниката.
Од Клиниката го потврдија настанот.
„На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата“ – велат од ГАК.
Акушерката, според информациите, била суспендирана и била дадена на Дисциплинска комисија.
-Ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место – изјавиле од ГАК.