Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се разбудил од анестезија по успешната операција на кила на која вчера беше извршена, соопштија од болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим, каде е извршена операцијата.
„Тој е буден, се опоравува и разговараше со семејството“, изјави директорот на хирургија во болницата, Алон Пикарски, пренесува Тајмс оф Израел.
Тој додаде дека операцијата се одвивала според планот.