Организаторите на маратонот во Бостон информираа дека тркачи од Русија и Белорусија нема да смеат да настапат годинава. Појаснија дека забраната се однесува на маратонци, кои живеат во Русија и Белорусија, додека иселениците со руско или белоруско потекло можат да учествуваат на трката под услов да не истакнуваат обележја на својата
„Ние веруваме дека трчањето е глобален спорт, и како такви мораме да сториме сè што можеме да покажеме поддршка на народот на Украина“ – изјави извршниот директор на Бостонската атлетска федерација – Том Грилк.
Во соопштението не се прецизира колку руски или белоруски спортисти се пријавени оваа година.
За информација, во 2019 година, 59 од вкупно над 30.000 тркачи, кои настапија на маратонот, беа од Русија и Белорусија.