На македонски јазик и македонска книжевност на Филолошки во Скопје запишани само 16 студенти

Од Филолошкиот факултет во Скопје при УКИМ информираат дека по првиот уписен рок за студенти за учебната 2022/23 година на насоките „Македонски јазик“ и „Македонска книжевност и јужнословенски книжевности“, заклучно со вонредните студенти, се запишале само 16 стуенти.

Осуммина од нив на „Македонски јазик“ и седум на „Македонска книжевност и јужнословенски книжевности“, како и еден вонреден студент на отсекот за книжевност.

Уште позагрижувачки делува податокот што на двете насоки има вкупно 190 слободни места.