На македонската економија и се заканува совршена бура

Вечерва во 20.45 на ТВ24 - гледајте Трилинг

Излезе од печат економската едиција за 100-те најголеми извозници од Северна Македонија.

Индикативен наслов – На македонската економија и се заканува совршена бура. Таа може да го зададе ударот врз ликвидноста и конкурентноста на извозниците поради рапидниот раст на цените на суровините и енергенсите.

Еве неколку податоци од порталот Извоз.мк, кој ги авторизираше минатогодишните движења.

Имаме извоз од 7 милјарди евра од што 5 милијарди евра е експортот на 100-те најголеми компании. Од оваа сума околу  половина, 2.4 милјарди евра ја создаваат 1о-те најголеми корпорации во државата.

Над 4о отсто од извозот на производи од Македонија оди од царинските зони.

Џонсон мети со ланскиот извоз на автомобилски кондензатори приходувал над 2 милијарди евра. Таквата концентрација покажува дека се неопходни диверзификација на извозната понуда, со поголема додатна вредност на македонските готови производи.

Најголем трговски партнер е Германија каде одат околу 50 отсто од готовите производи.

За евроскептиците уште еден податок – над 70 отсто од македонскиот извоз доминанто е насочен пред се во трговската размена со  Европската унија и соседството.

Бројките се политика.

Деловните лидери бараат ефикасни и интервентни владини политики.

Бенифициите и субвенционирањето стануваат традиционални врски меѓу Владата и претприемачите.

Трилинг во наредните изданија ќе тестира една идеја.

Колку фирмите се подготвени да реинвестираат од својот профит во заеднички инвестиции во енергија. Така се роди и американскиот њу дил?

Енергетска обврзница.

Само 2о отсто од ланската добивка на 1оо-те наголеми извозници, Плус банкарите,  Значат околу 2оо милиони евра капитал за енергетски инвестиции.

На пример во фарми за фотоволтаици?