Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска, денеска е повикана во Министерството за надворешни работи на Бугарија, за да се запознае со остриот протест на бугарската држава по прес-конференцијата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на 29.08.2024 година, јавувa БГНЕС.
Од бугарска страна беше реафирмиран конзистентниот став во однос на европската перспектива на Скопје.
„За жал беше констатирано дека системските провокации и одбивањето да се исполнат обврските на официјални претставници на соседната земја дополнително ја оддалечуваат од почеток на преговори со ЕУ. Сегашната и секоја следна влада ќе ја продолжи природната линија на бугарската надворешна политика кон Република Северна Македонија, насочена кон гарантирање на човековите права и почитувањето на принципите на добрососедството“ велат од бугарското МНР.