„На Курти му се привидува српска војска“ – Вучевиќ ги демантира наводите на Приштина
Го почитуваме воено-техничкиот договор од Куманово, се разбира и разбирајќи ја суштината на резолуцијата 1244, рече српскиот премиерот Милош Вучевиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање во Ниш, осврнувајќи се на наводите на Курти за движењата на српската војска близу до Косово.

– Војската на Србија секојдневно е во контакт со командата на КФОР, дури имаме и заеднички патроли. Албин Курти постојано гледа некои активности на Советот за безбедност, со што се обидува дополнително да ја подигне тензијата и од страна да го прикрие она што го прави, што доведува до огорченост. Војската на Србија ги извршува своите редовни задачи. Нема дополнителни активности, ништо не подготвуваме, не правиме ништо што може да доведе до влошување на состојбата на терен. Напротив, многу сме мирни и трпеливи, страдаме повеќе од кој било, затоа што сакаме да го зачуваме мирот. А што ќе подготви Курти – видиме утре – изјави премиерот Вучевиќ.
Извор: Фокус