На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска.

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска.

Таа посочи дека на Клиниката дневно се прегледуваат 150 до 200 деца.

Појасни дека симптомите на грипот почнуваат обично нагло, со зголемена телесна температура, болка во грлото, болка во мускулите и зглобовите, носна секреција и сува кашлица.

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се 15 деца кај кои е

Препорака за родителите во овој период, нагласи таа, е да се избегнуваат собири во затворен простор, да се одржува лична хигиена со често миење на рацете, да се прави дезинфекција на површините, во исхраната да има свежо овошје и зеленчук и да се престојува на чист воздух.

– При појава на симптоми на грип децата да не се носат во градинка, да се изолираат, да се одржува добра хидрација со зголемено внесување течности, да се даваат лекови за зголемена температура и разладување. Ако симптомите траат повеќе од три до четири дена или прогресираат со појава на интензивна кашлица, забрзано или отежнато дишење, да се побара лекарска помош на матичен лекар или во дежурните педијатриски пунктови и доколку состојбата е сериозна и потребно е болничко лекување, секако да се упатат во нашата установа, додаде проф. д-р Бошковска.