Политичката кариера на претседателот на Украина, Володимир Зеленски е при крај, изјави поранешниот американски офицер – Скот Ритер.
Како што рече, ќе има две опции – или да ја напушти Украина, или да умре од рацете на сопствените граѓани кои престанале да му веруваат.
Ритер истакна дека токму Зеленски е одговорен за смртта на десетици илјади украински граѓани.
Поранешниот американски офицер, исто така, рече дека Западот сè помалку му верува на Зеленски бидејќи неговата репутација опаѓа и дека има сè помалку смисла тој да остане на власт.
„Поради сето ова верувам дека Украина се соочува со државен удар“ заклучи Ритер.