На граничниот премин Блаце утрово уапсен е Артан Груби
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Тој е опфатен со истрага што се однесува на сомнежи за злоупотреба на службената положба, корупција и евентуални прекршувања на процедурите за јавни набавки, во рамки на предмет поврзан со работењето и договорите на Државна лотарија на Северна Македонија.
Според Обвинителството, предметот опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на околу 500 милиони денари, односно над осум милиони евра. Во истрагата се наведува дека преку спорни постапки наводно биле фаворизирани одредени економски субјекти.
Претходно, надлежен суд му изрекол мерка притвор, а поради непојавување пред правосудните органи бил распишан и по потерница. Истрагата е во тек, а од институциите најавуваат дополнителни информации по нејзиното завршување.
Во јавноста се отвори и прашањето за владина одлука донесена во време кога со седницата раководел Груби, со која државно земјиште било отуѓено за изградба на фотоволтаична централа.
Груби од 9 декември 2024 година се наоѓа и на т.н. „Црна листа“ на Стејт департмент на САД, поради наводна вмешаност во значителна корупција.
Од надлежните институции најавуваат повеќе информации во текот на денот.